СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ ПОЛЕСНО ГИ ОТКРИВАТЕ ЕМОЦИИТЕ НА ЛУЃЕТО

За да развиете емпатични чувства кон соговорникот, односно за да ги идентификувате неговите емоции, додека го слушате што говори, очите треба да ви бидат затворени. На тој начин, целосно се фокусирате на гласот и вокализацијата на емоциите.

PLX Academy · Новости · 10 Јануари 2022

„Веројатно луѓето посветуваат многу внимание на изразот на лицето, кој често ги маскира емоциите.  Затоа, многу често, иако внимателно слушаат, луѓето,  не се во состојба да ги проценат емоциите на соговорникот и да може да сочувствуваат со него. Кога ги држите очите затворени, комплетно се фокусирате на гласот и на вокализацијата на емоциите“ вели Мichael Kraus, професор на Yale University во  Connecticut, US. Во студија, објавена во списанието American Psychologist, истражувачите  проучувале интеракцијата на повеќе од 1.800 учесници, за да дојдат до заклучок на кој начин најлесно се откриваат емоциите при говорењето.

Некои од учесниците,  само слушале, а не гледале, други можеле да гледаат но не и да слушаат, а трети пак можеле и да гледаат и да слушаат. Резултатите покажале дека поединците кои слушале без да набљудуваат, попрецизно ги идентификувале емоциите што ги доживуваат другите и можеле да развијат емпатични чувства кон нив .

Scroll to Top