EYE CLINIC LONDON ПРЕПОРАЧУВА 5 ВИДА ОВОШЈА ЗА ЗДРАВИ ОЧИ

Можеби не сте можеле да претпоставите, но докажано е дека здравјето на вашите очи, почнува со здравата исхрана. Во тој дел, клучна улога има овошјето, богато со антиоксиданси и витамини. Долга е листата на овошје кое треба да биде дел од вашата исхрана. Ние го одбравме овошјето, што Eye Clinic London гo препорачува за здравјето на вашите очи.

PLX Academy · Новости · 14 January 2022

best fruits for the eyes

1. Цитрусно овошје

Цитрусното овошје,  како што се портокалните,  лимоните и грејпфрутот , се богати со витамин  Ц.   Тоа му помага на организмот да го одржува сврзното ткиво,  вклучувајќи го и колагенот во рожницата на очите.  Истовремено,   влијае на крвните садови во очите и на превенирањето и лекувањето на макуларната дегенерација и катарактата.

2. Бобинки

Јагодите, брусницата,  капините и боровинките се одлични за  здравјето на вашите очи.  Тие се преполни со витамини и минерали, а антиокисдансите присутни во бобинките може да спречат сувост на очите,  го намалуваат крвниот притисок  и проблемите со видот,  особено кога се работи за макуларна дегенерација. 

3. Банани

Бананите содржат калиум,  кој е незаменлив за здравјето на очите.  Особено е важен за сувите очи,  затоа што се наоѓа во составот на солзите .   Бананите, истовремено се извор на витамин А,  кој спаѓа во клучните фактори за одржување на здрави очи.

4. Манго и папаја

Мангото и папајата,  содржат моќни антиоксиданси,  како што се лутетинот и зеаксантинот.  Тие дејствуваат како природна заштита од штетните сончевите зраци,  односно го апсорбираат вишокот на светлина во мрежницата.

5. Кајсии

Кајсиите, се особено корисни за здравјето на очите,  зашто ги содржат витамините А,  Ц и E,  заедно со каротеноидите.   Тоа,  овозможува подобро ноќно гледање и способност на очите да се присопособат на темни простории.  Истовремено,  ја апсорбираат штетната ултравиолетова светлина и на тој начин ја штитат мрежницата.

Има многу начини на кои можете да ги консумирате плодовите и да уживате во нив.  Можете да ги јадете свежи,  да ги блендирате во смути,  да ги додадете во десерт или во овошна салата.  Вкусните плодови,  ќе ви помогнат да го одржувате здравјето на очите.  Сепак, најважно е, да одите на редовни офталмолошки прегледи,  за да може да го утврдите здравјето на вашите очи и состојбата на видот.

Scroll to Top