ЗАШТИТИТЕ ГИ ОЧИТЕ ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Според многу истражувања, загадениот воздух може да го уништи здравјето на очите и видот. Долготрајната изложеност на загаден воздух, може да предизвика сушење и печење на очите, оштетување на видот, па дури и глауком, со неповратни последици. Како резултат на загаденоста на животната средина, може да се развијат и инфекции, каква што е коњуктивитисот.

PLX Academy · Новости · 4 Јануари 2022

polluted air

American Academy of Ophthalmology, повикувајќи се на студија во British Journal Ophthalmology неодамна објави, дека луѓето кои живеат во загадени области имаат поголеми шанси за макуларна дегенерација од останатите .

Докторите сугерираат начини, како да ги заштитиме очите од опасните токсини во загаденуот воздух. Во раните утрински часови, кога загаденоста е најголема се препорачува да не се излегува. Надвор, треба да се излегува исклучиво со заштитни очила. Очите не треба да се допираат, особено кога возудухот е загаден и тие се иритирани, зашто може да се предизвика дополнителна инфекција. Во борбата со инфекциите , особено со токсините од загадениот воздух, многу може да ни помогне хидратацијата на организмот,  благодарение на која очите солзат и се чистат од штетните токсини.

Scroll to Top