Црвенилото на очите кај децата, може да биде знак на серизони воспаленија и повреди на окото. Ако не можете да посетите офталмолог, најдобро и најбрзо решение е веднаш да закажете онлајн преглед, на кој докторот ќе ви каже каква медицинска грижа ви е потребна.
PLX Academy • Новости • 2 Декември 2021

Кога се работи за вашите деца, ниту една неприродна состојба на окото не треба да се занемари или пак потцени. Најмногу зашто најмладите, често незнаат точно да објаснат што им се случува, па неретко нешто за што може да мислиме дека е банална иритација, може да биде знак на серизони воспаленија и повреди на окото.
Црвенилото во очите, чешањето, печењето или болката се симптоми, на кои веднаш треба да реагирате. Имајте на ум, дека тоа може да биде предизвикано од физчка повреда за која детето и не било свесно или пак присуство на туѓо тело, понекогаш и на невидлива прашина. Може да се работи за вирусна или бактериска инфекција, за алергиска реакција или пак за очен притисок.
Наместо да барате информации на интернет, или пак да се консултирате со роднини и пријатели, веднаш закажете онјалн консултација, на која нашиот доктор ќе ви даде детално објаснување за состојбата и начините на кои таа може да се надмине.
„Сведоци сме на масовно користење на онлајн услугите кои се однесуваат на здравјето на децата. За време на пандемијата оваа бројка, значително се зголеми, како за рутински прегледи, така и за одредени болести“ велат Mott Poll и д-р Gary Freed од познатата детска болница – Children’s Hospital Мichigan.
Националната анкета, што ја спровела болницата, меѓу 2.000 американски родители на деца до 18 години, покажала дека едно од пет деца, за време на пандемијата било на онлајн преглед. Половина од родителите ваквите прегледи, ги користеле поради неможноста да ги однесат децата во болница. Една третина од нив, онлајн прегледите ги користеле поради лична презафатеност и минимизирање на времето што детето ќе го помине на лекар.
Оттука, ви советуваме дека онлајн прегледите се најдоброто решение за вашите деца, зашто докторот ќе ги „погледне“, додека се во своите домови, удобно сместени. Сите ние знаеме, дека повеќето деца не сакаат да одат во болница, зашто се чувствуваат непријатно, исплашено или пак виновно. Затоа, немојте да размислувате и да импровизирате кога се работи за видот на вашите деца, уште при првите симптоми закажете онјлан преглед.