PLX Academy· Новости · 03 Декември 2021
Сите очила за сонце немаат ист квалитет. Изборот е огромен, а цената или пак брендот, не се пресудни. Најважна е заштитата од штетните ултравиолетови зраци - УВ зрачење.

„Носењето на очила за сонце, без 100 % заштита од ултравиолетовите зраци, е голем ризик за здравјето на вашите очи. Во зависност од сезоната, изложеноста на сончевите зраци може да придонесе за развивање на израстоци на окото, катаракта и некои видови на канцер на очите. Добрата вест е, дека немора да обиете банка за да ги заштите вашите очи. Доволно е да купите очила со налепница на која пишува: 100 % УВ заштита “, вели Д-р Dianna Seldomridge, од Американската академија за офталмологија.
Еве неколку сугестии на Академијата, за избор на очила за сонце :
1. Проверете ја налепницата
Во предвид доаѓаат само очилата, кои имаат налепница за 100 % заштита од UVA и UVB или UV 400. Ако не сте сигурни дека заштита од штетните зрачења е соодветна , може да ги проверите очилата со фотометар или во специјализирана продавница за оптика.
2. Големината на очилата игра улога
Очилата за сонце со поголеми леќи, може да обезбедат подобра заштита од штетните зрачења. Страничната обвивка , исто така е заштитна, зашто не им дозволува на УВ зраците да влезат од страните на очилата. Дополнително, таа ги штити очите од ветер, испарувања, туѓи тела ( ронки, песок или прашина) од кои може да се иритираат очите.
3. Цената не игра улога
Поскапите очила, не се и најдобрите. Цената не гарантираа комплетна заштита. Се додека ја имаат налепницата за 100 % УВ заштита, ефтините очила за сонце, исто како и брендираните, може да ги штитат вашите очи.
4. Типот на леќи овозможува удобност, но не и УВ заштита
Потемните или поларизираните леќи, не го блокираат штетното зрачење. Леќите може да бидат во различни нијанси: килибарни, сиви или зелени – што најмногу зависи од вашиот вкус. Поларизираните леќи, може да го спречат отсјајот што доаѓа од рефлектирачките површини, и да ви го олеснат возењето или скијањето на вода, на пример.