Зошто докторите имаа потреба од обуки за лидерство

ОБУКИ

Програмите за лидерство во болниците,  влијаат на задоволството на пациентите и на нивниот економскиот развој.  Истовремено, тие влијаат на благостојбата на докторите,  ја намалуваат нивната исцрпеност и го зголемуваат нивниот успех.

Да се биде доктор значи да се биде лидер. За разлика од останатите професии,  во кои лидерските вештини стануваат важни кога кариерата,  достигнува одреден степен на развој, докторите имаа потреба од лидерство, уште на самиот почеток на кариерата. Тие водат, тимови, составени од колеги, медицински сестри, здравствени и социјални работници. Но, во текот на кариерите,  тие ретко, формално учат како да бидат лидери, ниту пак добиваат особено признание ако за тоа.

Светските болници, меѓу кои секако се Кливленд и Мајо, се повеќе го истакнуваат лидерството како основна медицинска компетентност. Според информации, објавени во  Harvard Business Review (Why doctors need leadership training) лидерските вештини и практики кај докторите, во голема мера влијаат на задоволството на пациентите и на економскиот развој на болниците. Затоа, обуките и тренизите за лидерство, треба да бидат составен дел од програмите за развој на болниците.

Праксата,  сепак  е малку поинаква. Докторите,  минуваат години во учење на  физиологијата, анатомијата  и биохемијата, а имаат многу малку формани начини за да научат како, се води тим,  како да се соочат со проблематични вработени,  да решаваат конфликти,  да го пренесат знаењето на помладите колеги.  На располагање се најчесто програми,  наменети за докторите кои сакаат да менаџираат со болници,  или пак да водат проекти во здравството.  Но, бројката на доктори кои би имале корист од лидерство во секојденваната медицинска практика,  е многу поголема од они кои сакаат да бидат менаџери. 

Според информациите, објавени во Harvard Business Review,  болниците кои имаат подобро развиени менаџерски практики, овозможуваат подобра здравствена грижа и клинички резулати, вклучувајќи и помал степен на смртност на пациентите. Ефективното лидерство, ја намалува нивната исцрпеност и го зголемува нивниот успех во работата. 

Scroll to Top