PLX Academy • Новости • 3 Декември 2021

Иако го земаме здраво за готово, како нешто нормално, видот е еден од најважните дарови во живот. Едноставните работи, како гледање натпревар на омилениот спортски тим или гледање на некое уметничко дело, го збогатува нашиот живот.
Следат интересни факти за очите кои сигурно не сте ги знаеле:
→ Очите се развиваат две недели по зачнувањето;
→ Тие остануваат со иста големина во текот на животот, додека носот и ушите постојано растат;
→ Приближната тежина на очните јаболчници е 28 грама;
→ Човековото око има повеќе од 2 милиони делови, кои работат заедно;
→ Само 1/6 од окото е видлива;
→ Окото никогаш не спие, тоа пстојано работи;
→ Мускулите кои управуваат со очите, се најсилни и најбрзи, па оттаму доаѓа изразот „додека трепнеш“;
→ Очите може да обработат 36.000 битови информации за еден час;
→ Со здрави очи можете да ја видите светлината на оддалеченост од 22,5 км;
→ Најчеста боја на очите е кафеава;
→ Просечен човек трепка 12 пати во минута, што е од прилика 10 илјади пати на ден. Жените трепкаат повеќе од мажите;
→ Очната хирургија, била едно од најнапредните подрачја во медицината, во античко време;
→ Вашето око, може да препознае повеќе од 10 милиони различни бои;
→ Омафтофобија е страв од очи;
→ Ноќниот вид на тигарот е шест пати посилен од човечкиот;
→ Пиратите носеле обетки, поради верување дека тоа им го подобрува видот.