10 ВИДОВИ ХРАНА ОДЛИЧНА ЗА ОЧИТЕ

PLX AcademyНовости • 02 Декември 2021

foods for eyes

Со одржување на здравјето на очите, го подобруваме квалитетот на живот во целина. Правилната грижа за очите, ја успорува макуларната дегенерација и ја намалува веројатноста за слабење на видот, поврзано со годините. Постојат многу видови на храна, богати со витамини и минерали, кои може во голема мера, да го подобрат квалитетот на видот и здравјето на очите.

Американската академија за офталмологија, за одржување на видот и здравјето на очите, ги препорачува следниве намирници богати со хранливи материи:

1. Риба
Многу риби се богат извор на омега – 3 масни киселини. Најздрави за очите се: туната, лососот, пастрмката, скушата, сардината, саредлата и харингата. Рибиното масло според повеќе студии, позитивно влијае, на „сувите очи“, вклучувајќи го и влијанието од прекумерно седење пред компјутер.

2. Јаткасти плодови и мешунки
Јаткастите плодови, се исто така богати со омега – 3 масни киселини. Содржат, висок процент на витамин Е, кој ги штити очите од болести поврзани со возраста. Во групата јаткасти плодови и мешунки, одлични за здравјето на очите се : oреви, бразилски ореви, индисики ореви, кикирики и леќа.

3. Семиња
Семињата содржат омега – 3 масни киселини и витамин Е. На листата на семиња, здрави за очите се: чиата, лененото семе и семето од коноп.

4. Агруми
Агрумите се овошје богато со витамин Ц. Заедно со витаминот Е, витаминот Ц е антиоксиданс важен во спречување на оштетувањата на очите поврзани со возраста. Агруми богати со витамин Ц се : лимоните, портокалите, грејпфуртите.

5. Лиснат зелен зеленчик
Лиснатиот зелен зеленчук е богат со лутеин, зеаксанти и со витамин Ц. Добро познат лиснат зелен зеленчук е: спанаќот, калето и блитвата.

6. Моркови
Морковите се храна која едноставно може секојдневно да се употребува, во повеќе омилени јадења. Содржат витамин А и бета каротин, кои имаат суштинска улога во одржување на видот.

7. Компири
Исто како морковите, компирите се богати со бета каротин и се добар извор на антиоксидансот – витаминот Е.

8. Говедско месо
Говедското месо е богато со цинк, што овозможува долгорочно здравје на очите. Цинкот може да го одложи губењето на видот, поврзано со возраста и макуларната дегенерација. Високи количини на цинк, окото содржи најмногу во ретината и васкуларното ткиво што ја опкружува. Пилешките гради и свинското филе, исто така содржат цинк, но на пониско ново од говедското.

9. Јајца
Јајцата, се извонреден извор на лутеин и зеаксантин, па нивното консумирање овозможува да се намали ризикот од губење на видот. Содржат витамин Ц, витамин Е и цинк.

10. Вода
Веројатно не е за изненадување, тоа што течноста која е од суштинско значење за организмот во целина, има витално значење за здравјето на очите. Пиењето на многу вода, може да спречи дехидрација и да ги намали симптомите на суви очи.

Scroll to Top