ОЧЕН ПРЕГЛЕД ЗА ЛУЃЕ СО ДИЈАБЕТЕС ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД 19

Луѓето со дијабетес, aко се заразат со Ковид 19, имаат три пати повеќе фатални последици од останатите. Во Америка има 29 милиони луѓе кои страдаат од дијабетес, а повеќе од половина од починатите од Ковид 19 биле дијабетичари. Ова се податоци на Американската офталмолошка академија, која апелира луѓето со дијабетес да одат на редовни очни прегледи.

PLX AcademyНовости • 04 Декември 2021

Дијабетесот е болест, која може да се дијагностицира на очен преглед, уште пред да се појават првите симптоми. Луѓето со дијабетес, најчесто имаат проблеми со видот. Затоа, Американското оптомериско здружение (АОА) препорачува здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување на никотин и земање на пропишаната терапија. Очниот преглед за дијабетичари, е многу важен особено за време на Ковид 19.

„Вашиот офталмолог, може да ви биде најголемиот сојузник во битката против Ковид 19. Навременото откривање на дијабетичната ретиопатија, ќе ви го спаси видот, а истовремено може да избегнете други сериозни компликации, како што се микроваскуларни заболувања и дијабетичната невропатија. Со редовните очни прегледи, навреме се открива катарактата и галукомот, кои исто така може да бидат сериозна закана за очите“, вели офталмологот Omar Punjabi, MD, од Charlotte Eye Ear Nose & Throat Associates, P.A.

Scroll to Top