Добриот вид е од исклучително значење за развојот на детето. Дали знаете дека 80% од она што го учат децата во првите 12 години од животот, доаѓа преку очите? Но, децата како деца, не се грижат многу за да си ги заштитат очите, па одржувањето на здравјето на нивните очи е ваша задача како родител.
PLX Academy · Новости · 13 Јануари 2022

Проблемите со видот, може да бидат пречка во учењето и во изразувањето на креативениот потенцијал на детето . Видот , почнува да се развива во првите 3-4 месеци од раѓањето. Во следните неколку години, детето почнува да гледа подалеку, да ги проценува далечините и да ја развива и подобрува координацијата на очите со телото.
Следуваат 5 важни совети за вашето дете да има одличен вид :
1.Редовни очни прегледи: Редовните очни прегледи се важни за да се идентификуваат проблемите со очите, како што се вкрстени очи, далекувидост или миопија. Треба да знаете дека е многу полесно да се корегира видот во детството, отколку подоцна и децата добро реагираат на третманите додека се мали.
2. Избегнување на штетните сончеви зраци: Детето треба по секоја цена, да избегнува, директно да гледа во сончевите зраци. Треба да му обезбедите, соодветни очила со УВ заштита од штетните зрачења, што ќе ги носи секогаш кога излегува надвор.
3. Играчки: Играчките кои се соодвтени на возраста на детето, овозможуваат тоа да ја развуваа координацијата меѓу очите и движењата на рацете. Играјте со вашето дете „пикабу “ и мотивирајте го да се гледа во огледало, додека е мало. Обезбедете му блокови и боици, а на одредена возраст научете го да си игра на игралиштата.
4. Вежби за конвергенција: Вежбите за конвергенција, се одличен начин да се развиваат очните мускули и видот на детето. Десетминутно вежбање, наутро или навечер, може многу да придонесе во развојот на вашето дете .
5. Правилна исхрана: Исхраната е последен, но најважен услов за целокупното здравје на детето, вклучувајќи го и видот. Погрижете се, вашето дете да јаде свежо овошје и зеленчук–особено црвени пиперки, цреши, портокали, домати, јагоди, калинки-јајца, риба и јаткасти плодови и други хранливи продукти, богати со омега 3 масни киселини и лутеин.