КАКО ДА ЈА ПОБЕДИТЕ ИСЦРПЕНОСТА?

Докторите најчесто се под стрес и се чувствуваат исцрпено, зашто немаат доволно време да им се посветат на пациентите, да ја следат електронската евиденција и да ги извршуваат административните работи. Менаџерите на болниците треба да стимулираат позитивна работна атмосфера, финасика благостојба на вработените, нивна емотивна поддршка и здрави навики.

PLX Academy · Човечки исксутва · 4 Декември 2021

burnout-in-hospitals

Истражувањето на Harvard Business Review покажа дека 60% од испитаниците често или многу често се чувствувале исцрпени  за време на пандемијата, додека 85% сметаат дека нивната благосостојба се  намалила во текот на минатата година. Во меѓувреме, студија на Американската психолошка асоцијација, покажа дека 84% од возрасните доживеале емоции поврзани со продолжен стрес во текот на пандемијата. Здравствените работници повеќе од останатите се изложени на стрес и доживуваат исцрпеност на своите работни места.  Таквата состојба најчесто доаѓа од  притисокот да се обезбеди квалитетна грижа и покрај зголемениот обем на работа. 

Докторите најчесто се под стрес и се чувствуваат исцрпено, зашто немаат доволно време да им се посветат на пациентите, да ја следат електронската евиденција и да ги извршуваат административните работи. Тоа често се должи на недостаток на персонал во болниците. За се намали исцрпеноста кај вработените во болниците, се спроведуваат wellness програми за ментална и физичка благостојба. Тие го подобруваат квалитетот на живот на вработените, а истовремено го подигаат нивото на грижа во болниците со помалку трошоци, безбедноста и задоволството на пациентите. 

За да бидат усвоени и прифатени wellness програмите, односно да имаат резултат, тие мора да се засноваат на потребите, желбите и на конкретната  состојба во болницата. Следат неколку важни аспекти кои влијаат на менталната и физичката благосостојба на вработените во болниците, кои овозможуваат тие да се чувствуваат здрави, мотивирани и среќни на работното место.

→ Работна средина

Работната средина е најважна за развивање на перформансите на вработените. Иако 94 % од работодавците го знаат ова, тие најчесто го игнорираат истиот факт. Во позитивна работна средина, медицинскиот персонал помалку е под стрес и полесно се справуваат со исцрпеноста. Јасното и недвосмислено разбирање  на позитивна работна средина и таква перцепција на вработените во болниците е од клучно значење во борбата против исцрпувањето на кадарот.  

Позитивна работна средина, не се однесува само на  убави работни простори. За нејзиното создавање,  придонесува и организациската култура, како збир на колективни вредности, заеднички цели, однесувања и практики, кои се карактеристични за одредена организација. Болниците, кои имаат  позитивна организациска култура, се предизвик за најдобрите и најталентираните кадри. Затоа, најголемата грешка на работодавачите е да остават организациската култура спонтано да се гради. Тие треба да ги дефинираат и постават нејзините принципи.

→ Култура на изразување

Можеби изгледа едноставно, но многу е важно како  менаџерите на болниците, им се обраќаат на своите вработени. Исто така, важно е како вработените, комуницираат меѓу себе. Тоа ја зголемува нивната благостојба и тие полесно ги извршуваат секојдневните обврски. Употребата на одредени фрази и несоодветен тон од страна на работодавачот, може да ги натера вработените да почувствуваат дека целосно ја губат независноста  во извршувањето на работните задачи и дека нивната работа не се почитува. Така тие полесно се исцрпуваат и губат мотив за работа. Затоа, во зависност од хиерархијата во организацијата, обраќањето треба да се прилагоди на начин на кој вработените се „тим од колеги“, а работодавачите „лидер“ на истиот тим.

→ Финансиска благосостојба

Обезбедувањето на  финансиска благосостојба,  на вработените во болниците, во голема мера влијае на нивната на начинот на кој што тие го поминуваат слободното време. Кога се релаксирани,  медицинските работници полесно се ослободуваат од стресот и исцрпеноста на работа. Постојат бројни иницијативи  за ментално здравје, предложени и имплементирани во болниците. Според „Вашингтон пост“ тие вклучуваат различни обуки, ангажирање на повеќе луѓе во администрацијата, подготовка на оброци, организирање на чистење на домовите на вработените и сл.

→ Емоционална поддршка

За да им обезбедат емоционална подршка на вработените, менаџерите на болниците треба отворено да разговараат со нив за сите промени,  за личните и за професионалните проблеми. Во голема мера може да помогнат програми кои вклучуваат техники за релаксација, работа со терапевти, како и флексибилно работно време. Со намалување на стресот, се намалува и исцрпеноста, а сето тоа придонесува за поголема продуктивност во работењето.  

→ Здрав живот

Грижата за  физичко здравје е еден од најдобрите начини за подобрување на ментално здравје. Во време на изложеност на  стрес, важно е добрите навики да не паднат низ  „пукнатините“. Ова значи здрава исхрана, добар сон,  одржување на хигиена на високо ниво  и редовно вежбање. Во болниците треба да се потикнуваат добрите навики. Малите работи,  како што се поттикнување на здрава исхрана на работното место, предлози за возење велосипед или тротинет,  наместо автомобил или јавен превоз,  се доволни за почеток. Тоа може да се направи преку субвенционирани шеми за набавка на велосипеди или тротинети,  обезбедување на опрема за вежбање итн.   Конечно со подобрување на благостојбата на медицинскиот персонал, се подобрува и работата на болницата, се намалуваат трошоците за квалитетна грижа, а што е најважно се зголемува задоволството на пациентите.

Scroll to Top