ПРВ ВО СВЕТОТ, МУЗЕЈ НА ОКОТО

PLX Academy · Новости · 01 Декември 2021

Американската академија за офталмологија, неодамна во Сан Франциско, го отвори првиот во светот, Музеј на окото. Музејот е посветен на офталмологијата и е именуван според неговите инвеститори „Трулсен – Мармор Музеј на окото“.

„Новиот музеј ќе привлече посетители од целиот свет и ќе им обезбеди уникатна и интерактивна можност, да научат повеќе, за нашето највредно сетило – видот. Би сакал на Академијата да и посакам , голем успех “, рече градоначалникот London Breed.

„Трулсен – Мармор Музеј на окото“ е една од најголемите инвестиции на Американската академија за офталмологија, односно се работи за првична донација од 12 милиони долари, со која е обезбеден и бесплатен влез за посетителите. Тригодишната кампања за донации, ја водеа истакнати офталмолози, д-р Стенли М. Трулсен и д-р Мајкл Ф. Мармор.

Музејот содржи ротирачка колекција, составена од 38.000 артефакти. Посетителите преку различни интерактивни активности може да научат како виртуелната реалност ја менува офталмологијата и како таа се развивала низ вековите.

Колекцијата на музејот содржи:

→ Модел на очи со големи размери, кои содржат дигитална зеница и камера. Посетителите може да видат како очите работат заедно со мозокот, и ни овозможуваат да го видиме светот околу нас;

→ Оптички илузии и објаснувања за појавите кои предизвикуваат слепило и далтонизам;

→ Историски артефакти од различни векови, вклучувајќи анатомски модели и атласи за очи, еволуција на очилата и хируршки алатки, како и опрема за простории за испитување на видот;

→ Експонати , преку кои се прикажани водечките проблеми поврзани со здравјето на очите, како што се болести на мрежницата, катаракта и глауком.

Музејот се наоѓа во населбата Fisherman’s Wharf во Сан Франциско. Влезот за посетителите е бесплатен, а музејот работи од вторник до недела, од 11.00 до 16.30 часот.

Scroll to Top