Најлуксузните болници во светот, се во Индија. На пациентите им нудат невообичаени услуги: возење со скапи автомобили, јахти, одмор во модерно опремени салони со вредни уметнички дела, шопинг во трговски центри и сл. Се наметнува прашањето, дали на пациентите им е најважен конвенционалниот луксуз, или пак позитивните меѓучовечки односи во болниците.
PLX Academy · Човечки искуства · 4 Декември 2021

Луксузните болници во светот, покрај можноста за извонредни медицински резултати, на пациентите им нудат различни невообичаени услуги. Во центарот на иновациите во здравството е Индија. Позната е како земја на крајности, во која се лекуваат многу богати луѓе од светот, додека нејзините жители најчесто одат на лекување во странство.
Во Индија, Владата на Narenda Modi ја спроведува, најголемата во светот реформа во здравството. Таа содржи програма, финсирана од индиската влада, која опфаќа повеќе од 50 илјади корисници. Владата обезбедува покривање на трошоците за здравство, во висина од 5 милиони рупји за семејство, на годишно ниво.
Од друга страна, луксузните болници во Индија, нудат речиси незамисливи здравствени услуги. Понудите вклучуваат, користење на луксузни автомобили, јахти, скапи уметнички дела, модерно опремени салони за одмор, трговски центри со многу продавници и слично. Таква болница е Fortis Memorial Research Institute, во Њу Делхи. Покрај огромниот трговски центар со фонтани, во болницата има дел за кафе и храна, кој се простира на 12 акри и вреди околу 84 милиони фунти.
„Многу често, кога размислуваме за болниците, идејата ни е да овозможуваме одлични медицински резултати. Но, имаме тенденција да заборавиме на аспектот на грижа за пациентите. Затоа се фокусираме на тоа“, вели Ritu Garg, директор во Fortis Memorial Research Institute. Болничките соби, со кои располага Fortis Memorial Research Institute, се познати како „подови со потпис“. Цената на чинење, варира од 30.000 илјади до 3 илјади рупји дневно. Во овие соби може да се смести целото семејство, за време на лекувањето на пациентот.
Болницата Aster Medcity, во индискиот град Кочи, исто така располага со луксузни болнички соби. Пациентите имаат поглед на море, просториите се изградени од природни матерјали со дрвени подови и пријатно осветлување. „Локацијата на болницата е избрана, заради терапевсткото влијание, што го има погледот на водата. Кога ќе влезете, не сакаме да се чувствувате како да сте во болница“ вели Harish Pillai, извршен директор на Aster Medcity.



Луксузни болници во Индија се градат во време, кога во земјата постои сериозен недостиг на лекари. Речиси 80 % од околу милион регистрирани лекари во Индија, се надвор од градовите во кои живее 30 % од населението. Затоа, руралното население во Индија се соочува со сериозен проблем (тие се зависи од државниот здравствен сектор). Односот лекар и пациент, во државниот сектор е 1:11.000, наспроти препораките на Светската здравствена организација да биде 1:1.000 пациенти.
Со оглед на тоа, што индискиот пазар за здравствена заштита се очекува да има трикратно зголемување, на 372 милијарди долари до 2022 година – од 110 милијарди долари во 2016 година, болниците гледаат огромен потенцијал во нудењето на луксузни услуги. Богатите луѓе од светските земји, се лекуваат во Индија, зашто лекувањето во нивните земји е многу поскапо. Така, на пример, операцијата за замена на колк во Индија, чини пет пати помалку од истата во САД, а е половина од цената во Сингапур. Индиските болници нудат различни медицински услуги – трансплантација на коскена срцевина, вградување на бајпаси, хирургија на очите и сл.
„Цените на услугите во здравството, можеби им одговараат на богатите луѓе кои доаѓаат во Индија. Но, жителите на Индија воглавно се лекуваат во странство. Ним, наместо луксуз, им треба медицински третман и лекарска грижа“, вели Dhanraj Chandriani, директор на Techneon Healthcare во Mumbai. Според него, модата на луксузни болници во Индија најверојатно ќе помине. „На луѓето им требаат квалитетна здравствена грижа. Фокусот на болниците, треба да биде на понуда, блиска до пациентите и болничка средина што личи на дом “, вели Chandriani.