РАЗВИВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ ВЕШТИНИ КАЈ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Според информациите на Join Commission од САД, лошата комуникација на медицинските сестри, при трансферот на пациентите, придонела за 80% од медицинските грешки. Од друга страна, пациентите кои оствариле отворен и позитивен однос со медицинските сестри, имале подобар исход во лекувањето.

Ефективната комуникација  е клучна  во медицинските услуги и во зголемувањето на задоволството на пациентот. Join Commission од САД, информира дека затоа треба да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на програмите на болниците, со кои се развиваат комуникациските вештини кај медицинските сестри.


Силните комуникациски вештини на медицинските сестри, овозможуваат подобро лекување и искуство на пациентите. Лошата и недоволна комуникација, пак, може дадоведе до погрешно разбирање на медицинските упатства од страна на пациентите,  недоследности во тимската работа на персоналот  и медицински грешки во болниците.


Според Јоin Commission,  лошата комуникација  при трансферот на пациентите,  придонела за  80%  од сериозните медицински грешки. Дополнително, пациентите кои воспоставиле отворен и позитивен однос  со медицинската сестра,  е поверојатно дека ќе имаат добри клинички резултати. Болниците треба да инвестираат во обуките и тренизите на медицинските сестри.  Во натамошниот текст,  ќе наведеме кои комуникациски вештини е најважно да се развијат кај нив.


1. Вербална комуникација

 

Вербалната комуникација е клучна , за медицинската грижа и за задоволството на пациентот .  Медицинската сестра секогаш треба да зборува јасно,  точно и искрено.  Обраќањето треба да биде соодветно на возраста, културата и нивото на образование  на пациентот.  Медицинските сестри, ако се под стрес или се чувсвуваат анксиозно,  треба да внимаваат на тонот на гласот и да не дозволат овие емоции да ги почувствува пациентот во интеракцијата.  Тие треба да знаат,  како да ги охрабруваат пациентите,  да избегнуваат нагалени имиња во комуникацијата (како „злато“ или „мила“) и наместо тоа да го користат името на пациентот.   За нив,  многу е важно да зборуваат со јасни, целосни реченици и да избегнуваат технички жаргон.


2. Невербална комуникација

 

Употребата на елементи на невербална комуникација, како што се изрази на лицето, контакт со очи,  говор на телото, гестови,  држење и тон на гласот,  е исто така од суштинско значење за успех во работата на медицинските сестри. Едноставното,  насмевка може многу да  помогне.


3. Активно слушање

 

„Активно слушање“ значи слушање и разбирање на искуството на другата личност.  Највисоката и најефективната форма на слушање,  бара целосно внимание и ангажираност.  Оваа вештина е важна,   не само во комуникацијата со пациентот,  туку и како алатка за градење на доверба и посветеност на медицинскиот персонал . „Активното слушање“  вклучува и вербални и невербални комуникациски вештини.


4. Писмена комуникација

 

Писмената комуникација е исто така, многу важна за медицинските сестри.  Тие се одговорни за креирање и ажурирање на евиденцијата на пациентите. Од клучно значење е записите да бидат точни и ажурирани,  за пациенти да можат да ја добијат најдобрата можна нега. Медицинските сестри,  исто така,  треба да знаат  да ја заштитат доверливоста на податоците на  пациентот и да направат белешки,  веднаш по завршетокот на грижата,  за да не заборават ништо. Пишувањето треба да биде читливо и јасно со едноставен јазик, забележани точни датуми и часови.


5. Презентациски вештини

Ефективните презентациски вештини се најприменливи за време на „предавањето на пациентот “ – кога медицинската сестра ја префрла грижата за пациентот на друга медицинска сестра или на доктор. Овие вештини, исто така, ќе помогнат јасно да се покаже, знаењето и стручноста, во различни услови на работното место, како што се конференции, интервјуа за работа, давање извештаи на докторите и други.

 

6. Едукација на пациентите

 

Медицинските сестри се задолжени за поголемиот дел од комуникацијата, меѓу медицинскиот тим и пациентите. Ова вклучува информирање на пациентите и членовите на семејството за здравствените состојби, дијагнозите, плановите за лекување и протоколите за лекови. За да биде комуникацијата ефикасна, потребни се издржани повратни информации од пациентите. Едукација на пациентите, го подобрува нивното разбирање на здравствената состојба и го поттикнува да се придржува до медицинските упаства. Лошото разбирање на информациите во болницата, може да предизвика пациентите и членовите на нивните семејства да се чувствуваат вознемирени.

 

7. Создавање на лични врски

 

Односот кој медицинските сестри, го градат со пациентите е многу важен за тие да се чувствуваат, безбедно и удобно.Создавањето на лични врски со пациентите, може да ги подобри медицинските резултати и да ја зајакне довербата. Добрите медицински сестри, трошат неколку дополнителни минути секој ден со секој пациент. Тие откриваат по нешто што им е забавно на пациентите, покажуваат интерес за нивните животи, а споделуваат со нив и сопствени животни искуства.

 

8. Доверба

 

Довербата е во основата на позитивното искуство на пациентот. Таа се стекнува со „активно слушање“ и земање во предвид на секоја забелешка или загриженост на пациентот. Градењето на доверба бара време. Болниците сами по себе, не се место каде што пациентот се чувствува убаво. Затоа е важно, тој да има доверба во медицинскиот тим и да се чувствува разбрано и заштитено.


9. Сочувство

 

Изразувањето на емпатија или сочувство е суштинска комуникациска вештина,  која треба да ја имаат медицинските сестри. Според Journal of Compassionate Healthcare, сочувството може да помогне во брзото закрепнување од акутна болест,  да го подобри лекувањето на  хроничните болести и да ја ублажи анксиозноста на пациентите. За медицинската сестра, да може да сочувствува со пациентот, треба  да  може себе си да се замисли на местото на пациентот.


10. Културна свест


Медицинските сестри секој ден работат со пациенти, кои доаѓаат од различни социјални, културни и образовни средини. Секој пациент и колега е различен, важно е медицинските сестри да имаат свест и разбирање за тоа. На пример, медицинската сестра треба во зависност од вокабуларот на пациентот, да го прилагоди своето обраќање кон него.

Scroll to Top