Начинот на кој ги добиваме здравствените услуги драстично е сменет, но желбата да се чувствуваме разбрани и згрижени, остана иста. Потребата за емпатија е суштинска, особено во времето на Ковид 19, кога лесно може да се разболиме и се чувствуваме ранливо.
PLX Academy · Човечки искуства · 3 Декември 2021

Познатите лекари од водечките светски болници, се согласија дека емпатијата треба да добие централно место во здравствената грижа, особено сега, кога дигитализацијата е забрзана. Стандардни начини за мерење на емпатијата, се анкетите во кои пациентите го оценуваат своето искуство. Но, пандемијата го истакна степенот на изолација и осаменост, затоа покажувањето на емпатија од страна на докторите е многу важно .
На оваа тема, се говореше на панел дискусија за градење на силна култура на емпатија во здравството, чија модераторка беше д-р Адриен Боиси од Клиниката Кливленд. Учествуваа д-р Бен Мур, анестезиолог во медицинскиот центар Тафтс во Бостон и д-р Хелен Риес, извршен директор на Empathetics Neuroscience of Emotions.
„Сите ние влеговме во овој бизнис, за да им помогнеме на луѓето. Но, давателите на здравствени услуги, чувствуваат разлика помеѓу она што треба да им го дадат на своите пациенти и она што можат да го направат за нив , поради Ковид 19. Треба секогаш да ги браните интересите на вашиот пациент, дури и ако е тоа спротивно на она што од вас организацијата го бара “, рече д-р Бен Мур.
Неговиот став, го поддржа д-р Боиси, која рече дека во болниците, во време на Ковид 19, треба да се развива силна култура на емпатија. „Треба да бидеме многу понаметливи, околу идејата дека е најважна врската, меѓу докторот и пациентот. Тоа подразбира, дека сè што правиме, без оглед дали се работи за дигитални процеси или за човечка интеракција, бара од нас да бидеме во служба на пациентите и односот што го имаме со нив. “
Д-р Хелен Реис говореше, како емпатијата може да се пренесе со дигитални алатки. „ Со електронските досиеа, имаме единствена можност, да ги зајакнеме капацитетите за емпатија. Компијутерските екрани, што ги делиме со пациентите, овозможуваат партнерска комуникација во споделувањето на информациите за нивната здравствена состојба. Електронските досиеа и дигиталната комуникација, помагаат медицинскиот персонал да се поврзе со пациентите и споделените информации да ги искористи на правилен начин“ рече д-р Хелен Реис.
Д-р Бен Мур потенцираше, дека емпатијата произлегува од едноставниот факт, дека докторот е човек и треба да го прави она што го чувствува.
„Не треба да го отфрлиме она што навистина е грижа, а тоа е да се биде со личност која страда. Ако ништо повеќе доволно е да сведочиме за тоа низ што пациентите минуваат“, рече тој.