„МЕКИ ВЕШТИНИ“ ВО КОМУНИКАЦИЈА СО ПАЦИЕНТОТ

Новите истражувања покажуваат покрај едукацијата на докторите, за успешно лекување , потребно е тие да знаат да остварат добра комуникација со пациентите. Најважни т.н. „меки вештини“ во здравството се: емпатија, тимска работа, работна етика, управување со стрес, позитивен став, флексибилност, управување со времето, доверба и желба за учење.

PLX Academy · Човечки искуства · 7 Декември 2021

soft skills in healthcare

Institute for Healthcare Communication, соопшти дека ако медицинскиот персонал располага со комуникациски вештини, пациентот полесно ги следи препораките, се справува со хронична медицинска состојба и знае превентивно да се однесува. Вработените во болниците, треба да имаат посебни комуникациски вештини, некои од нив се поседуваат, а другите може да се научат. 

Комуникацискте вештини им овозможуваат подобра грижа за пациентите и поголема продуктивност, но и професионален раст и развој на медицинските работници. Покрај нивото на медицинското образование, работодавците се повеќе бараат кадри со т.н. „меки вештини“. Во здравството и во социјалната заштита, тие може да бидат поважни од одредени технички вештини. Најважни „меки вештини“ се :

1. Емпатија

British Journal of General Practice, наведува дека емпатијата е основен аспект во остварувањето на успешна комуникација со пациентот, која резултира со најдобри можни медицински резултати. Таа е важна за ефективно лекување и земање на пропишаната терапија, од страна на пациентот. 

2. Комуникациски вештини

Комуникацијата е во основата на сите професии, а во здравството таа има централна позиција. Докторите и останатите вработени во болницата, треба да разговараат со пациентите и со нивните семејства, покрај секојдневната комуникација со колегите. Journal of Ambulatory Care Management, информира дека перцепцијата за здравствената грижа од страна на пациентите, зависи од квалитетот на интеракциите што ги имале со докторот и со медицинскиот тим.  

3. Тимска работа

Медицинскиот персонал, важно е да знае да работи во тим. Многу студии покажуваат дека функционирањето на тимот е поврзано со здравствените резултати на пациентот. 

4. Работна етика

Работната етика вклучува професионализам,  навременост во извршувањето на работните задачи , став и однесување на поединецот во однос на работата и на моралните норми.  Многу области во здравството,  бараа повеќе од стандардните осум работни часови,  па вработените во оваа сфера треба да имаат силна работна етика.

5. Stress management

Во здравството, буквално човековиот живот е во прашање, а тоа е притисок со кој вработените треба да се справат.  Според многу студии,  медицинскиот персонал е изложен на голем ризик од исцрпување на работното место,  ако нема техники за намалување на стресот.   Исцрпеноста,  ја намалува способноста за работа и интересот за неа.  Но,  успешните медицински работници не само што знаат да се справат со притисокот на работното место, туку и напредуваат со него.  

6. Позитивен став

Во здравството,  е повеќе отколку во која било друга сфера, потребно да се има позитивен став.  Стресот од секојдневната работа, може да ги исцрпи медицинските работници.  Со позитивен став во работата лесно се надминуваат можните последици.

7. Флексибилност

Работата во болниците, не е секогаш осумчасовна. Затоа е потребна флексибилност.  „ Тешкиот “ пациент може да одземе повеќе од планираното време.  Затоа,  вработените во болниците,  треба да бидат прилагодливи и да се справуваат со нови, различни и променливи луѓе и средини.

8. Управување со времето

Многу е важно за докторите и за останатите во медицинскиот тим,  да знаат да управуваат со времето. Денот во болницата може да биде многу напорен и понекогаш да изгледа дека нема доволно време да се завршат сите обврски.  Медицинските работници,  треба да знаат да прават приоритети во работата,  во која често човечкиот живот е доведен во прашање.

9. Доверба

Според текстовите во Patient Experience Journal,  довербата е меѓу највлијателните фактори, кои имаат влијание на перформансите на медицинските работнци.  Умешноста да развиете доверба во односот со пациентите, најмногу влијае на нивото позитивно искуство.

10. Рецептивен став

Без оглед колку сте едуцирани и обучени,  неможе да знаете се.  Затоа треба да знаете да ги прифатите позитивните критики и да го смените однесувањето кога е тоа потребно.

Scroll to Top