ШТО ГИ ДЕФИНИРА ЛИДЕРИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО?

Лидери може да бидат менаџерите, докторите, претставници на медицинскиот персонал и на администрацијата. Лидерските вештини се учат преку обуки и тренизи, што се спроведуваат во болниците. Лидерите се препознаваат по тоа што имаат визија за иднината, потикнуваат промени и иновации, знаат да градат тимови и позитивна работна атмосфера.

PLX Academy · Човечки искуства · 6 Декември 2021

Бизнисот не може да расте, без да се развиваат лидерските вештини на вработените. Особено е така за болниците, каде што се одвиваат различни процеси, има многу луѓе и ресурси со кои треба правилно да се управува. Посакуваниот исход е висококвалитетна и безбедна здравствена заштита, задоволството на пациентите, благостојба на вработените и економски развој на болниците.

Joint Commission oд  САД,  нагласува дека традиционалниот концепт на лидерство, составен од менаџери и доктори, многу важно е да се прошири на медицинскиот персонал и на вработените во администрацијата. Тие го имаат првиот контакт со пациентот, од кој најчесто зависи неговата перцепција за болницата. Програмите за лидерство, треба да ги опфатат сите вработени во болниците. Така може да се гради организациска култура и  работна средина, во која сите ќе бидат мотивирани, овластени за својата работа и поддржани.

Но, не сме сите родени да бидеме лидери и покрај нашите најдобри намери. Лидерските вештини се учат,  на обуките и тренинзите за лидерство. За време на нивното трање или пак по завршувањето, лесно може да ги препознаете лидерите во својата област. Во текстот што следи, ќе ги наведеме нивните главни карактеристики.  

→  Лидерите имаат визија  

Медицинската практика ја прави единствена, насоката што ја даваат нејзините лидери. Нивниот успех, зависи од способноста да се разберат и испорачаат очекувањата на пациентите и нивните семејства,  медицинскиот пазар и претпоставените во болниците. Тие исто така, треба да го знаат и разбираат капацитетот на вработените и на останатите, со кои комуницираат во процесот на работата. Кога лидерите имаат јасна визија, за насоката во која сакаат да ги развиваат работите, другите вработени се помотивирани да ги следат, до посакуваната дестинација. Подеднакво е важно, лидерите да знаат да им објаснат на другите,  како најдобро да се вклучат во постигнувањето на организациските цели.

→  Лидерите поттикнуваат иновации и промени

Потреба за промени во болниците, најчесто доаѓа заради зголемените трошоци за работа, намалените бенефиции од државата, недостигот на работна сила , новите технологии и зголемувањето на бројот на постари лица. Да се биде лидер, значи да се прифатат промените и да се најдат решенија, со кои ќе болницата ќе продолжи  успешно да работи. Во прифаќањето на промените и спроведувањето на иновациите, лидерите во здравството треба да знаат да се справат со конфликтните човечки емоции и да ги поврзат аспектите на работата во целина. Во болница во која има вистински лидери, отворено се разговара за промените и нема озборувања, кои особено негативно може да влијаат на работењето. 

→ Лидерите градат ефективни тимови

Агенцијата за истражување и квалитет на здравствената заштита од САД, предлага концептот на лидерство да го вклучи целиот болнички персонал. Покрај медицинските тимови водени од докторите, особено внимание треба да им се посвети на администрацијата и медицинските сестри,  бидејќи тие го имаат првиот контакт со пациентот. Градење на тим, подразбира заедничка мисија и визија, делење на исти вредности и постигнување на организациксите цели. Обуките и тренизитe, треба да вклучуваат вежби за team building, преку кои се поттинува развојот  на лидерски вештини и се препознаваат вештините и способностите, на сите членови на тимот. Лидерството подразбира доверба, силна експертиза, вистински начин на изразување, висок степен на емоционална интелегинција при донесување на комплицирани одлуки и храброст во нивното спроведување.

→ Лидерите создаваат позитивна работна атмосфера

Развивањето лидерство, значи зајакнување на способноста на поединците, да знаат како да ја развиваат организациската култура. Тоа треба да биде основа, во која заедничка вредност ќе биде висококвалитетната и безбедна грижа за пациентите,  одговорното користење на ресурсите,  општествената одговорност на болницата и етичкото однесување на нејзиниот персонал. Лидерите треба да бидат добар пример за останатите, кои обично ги моделираат своите ставови според нивните. Лидерот,  кој покажува искреност и интегритет во она што го прави, ќе биде добар пример за другите. Лидер кој признава грешка и презема одговорност за одредена ситуација, исто така е добар пример. Сите овие аспекти, како и многу други, треба да бидат опфатени во обуките и вежбите за лидерство, кои се спроведуваат во болниците.

Scroll to Top