Ласикот е најпопуларна во светот очна интервенција. За само петнаесетина минути, без завои и преврски, добивате совршен вид без очила или леќи. Светските ѕвезди без резерва ја препорачуваат оваа интервенција.

Ласикот е безбедна, ефикасна и безболна интервенција. Трае многу кратко, само петнаесетина минути за двете очи. Уште следниот ден, или најдоцна по три дена, гледате беспрекорно јасно без очила или контактни леќи. Се работи за ласерско ремоделирање на рожницата, со кое се отстранува или намалува диоптријата.
Досега, околу 40 милиони луѓе го корегирале видот со Ласик. Дури и никого од нив да не познавате, искуствата на познатите личности, кажуваат дека не треба да имате дилема. Ласикот е најдобро решение за вашиот вид!
Леброн Џејмс
Кошаркарската легенда, Леброн Џејмс, вели дека Ласикот е одлична опција за спортистите. Интервенцијата ја направил во 2007- та и оттогаш совршено ја гледа мрежата и дава многу повеќе кошеви. Процентот на неговите кошеви, скокнал за неверојатни 49 отсто. „Без контактни леќи, потта не ги иритира очите и спортистите немора да се грижат дека леќата ќе им испадне додека трчаат по теренот“ – вели Леброн.
Никол Кидман
Дали знаете дека Никол Кидман, речиси воопшто неможела да гледа, пред ласерски да го корегира видот? Видот и бил заматен долго време, а кога била номинирана за Оскар, одлучила да направи Ласик. Едноставно сакала, да го прочита својот говор на церемонијата, без очила или контактни леќи.
Денис Квејд
Денис Квејд, постојано ги губел очилата за читање. Кога излегувал од дома носел по пет пара очила, а се враќал без ниеден. Се одлучил да направи Ласик, за да престане да троши на стотици пара очила. Оттогаш ги чита сценаријата со кристално јасен вид!
Ким Кардашијан
Ласикот е брза и лесна операција, многумина ја прават пред особени настани, пред свадба или пред дипломска. Ким Кардашијан, се одлучила за интервенцијата, пред да се омажи за својот прв сопруг – Крис Хемфрис, во 2009 та. Десетина години подоцна, таа со задоволство го покажува своето убаво лице без очила.
Лиза Линг
Лиза Линг, вели дека Ласикот и помогнал да се искачи на повисоко ниво во новинарската кариера. „Кога некој поради својата работа е постојано на пат, може да се случи некогаш да нема беспрекорни услови за хигиена. Тогаш, ослободувањето од контактни леќи и очила, го олеснува животот бескрајно. Помина, повеќе од една деценија од операцијата, а гледам јасно, како на почетокот “, вели Линг.
Дру Кери
Дру Кери, направил Ласик, уште во 1999 – та година. Но, чекајте, зарем тој сеуште не носи очила ? Се обидувал без нив некое време, но никој не го препознавал. Сега тој носи, црни рамки, кои му се заштитен знак, но најмногу заради препознатливот и естетски причини. Затоа, ако ви се допаѓа како изгледате со очила, но сакате да го поправите видот , без постојано да се потпирате на нив, Ласик е одлична опција за вас.
Eлтон Џон
Светски познатиот пејач и пијанист Елтон Џон, има повеќе од 250, 000 ексцентрични и интересни очила. Тие се специјално изработени за него, од познати креатори како Гучи, Шанел, Мајкл Џејкобс. Но, тоа го чинело скапо, па решил да направи Ласик. Сега, носи очила кога ќе посака, без да мора да „обие банка“.
Кортни Кокс
Лошиот вид на Кортни Кокс, за малку ќе ја попречел нејзината актерска кариера. Не можела да ги чита сценаријата, визит картичките, па дури ни да ги препознава останатите ѕвезди, со кои се дружела. Одлучила да ги батали очилата и контактните леќи. Трајно го корегирала видот со Ласик.
Синди Крафорд
Да се биде светски модел, а да се носат контактни леќи, воопшто не е лесно. Синди Крафорд, направила Ласик , за да се ослободи од леќите и непречено да се шминка во многу слоеви. Интервенцијата и го сменила животот толку многу, па сега ако ја прашате, ќе ви го препорача Ласикот без двоумење.
Бони Тајлор
Уникатната пејачка, од 90 тите, позната по супер хитовите „Holding Out for A Hero“ и „Total Eclipse of the Heart, се борела со астигматизам, далекувидост и пресбиопија. Сега, постојано се восхитува колку јасно гледа, по направената очна интервенција Ласик. Посакува, порано да ја донела одлуката за ласерска корекција на видот.