PLX Academy • Новости • 02 Декември 2021
Постковид синдромот може да се манифестира во вид на замор, отежнато дишење, болка во белите дробови, опаѓање на косата, различни невролошки проблеми и слично.

Според најновите истражување, преку очите може да се дијагностицира постоење на т.н. постковид синдром или „Долг Ковид“, што се јавува откако ќе се прележи Ковид 19. Оваа здравствена состојба, го отежнува и онака комплицираното лекување на болеста, а може да се открие преку промените на рожницата.
Истражувања објавени во British Journal of Ophthalmology откриваат, дека при постоење на „ Долг Ковид“ во организмот, доаѓа до губење на нервните влакна и зголемување на имунолошките клетки на рожницата.
„ Откритието, во голема мера го олеснува лекувањето на постковид синдромот и помага во проценката на ефектот на терапиите, кои може да влијаат на опоравување на нервниот систем. Состојбата најчесто се поврзува со луѓе, кои за време на болеста изгубиле чувство за мирис и вкус, претпреле вкочанетост или невропатска болка “, вели Rayaz A. Malik, PhD, од Weill Cornell Medicine Qatar .
„ Долг Ковид“ најчесто има еден од десетмина, кои го прележале вирусот. Синдромот , може да се манифестира во вид на замор, отежнато дишење, болка во белите дробови, опаѓање на косата, различни невролошки проблеми и сл. Во најтешките случаи, може да предизвика мозочен удар или инфаркт. Од друга страна, според истражувањата, околу 80 % од пацинетите кои имале Kовид 19 , кажале дека имаат проблем со очите. Најчести очни состојби кај нив биле чешање, осетливост на светлина и воспаление. Кај потешките случаи, пациентите пријавиле симптоми на „горење на очите“ , црвенило, болка, подуeност, отечени очни капаци и често насолзување.
Без оглед, дали имате слични симтоми или не, ако сте прележале Kовид 19, задоложително направете пост ковид очен преглед. Имаме многу научни потврди, дека преку очите може да се открие состојбата на целиот организам и затоа да ги исклучиме ризиците што пандемијата ги носи.