PLX Academy • Новости • 02 Декември 2021
Оптичка кохерентна томографија е офталмолошкиот метод, преку кој се откриваат срцевите заболувања. Дополнителнo, може да се открие Алцхајмер, Паркинсонова болест и други сериозни заболувања.

Срцевите заболувања, кои се причина број еден за смртност во светот, може да се откријат на детален очен преглед. Трагите од болестите, може да се видат, кога се користи методата Оптичка кохерентна томографија, за слоевито снимање на рожницата, очните нерви и предниот дел на окото. Овој податок го докажаа најновите истражувања на Американската наука за офталмологија.
„Оптичката кохерентна томографија е значаен офталмолошки метод, преку кој се гледа здравствената состојба на целиот организам, не само на очите. Покрај срцевите заболувања, со методата може да се открие Алцхајмер, Паркинсонова и други сериозни болести“, вели д-р Joseph Nezgoda, портпарол на Американската академија за офталмологија.
Кога во организмот има срцево заболување, очите може да бидат лишени од кислород и проток на крв. Тоа пак, може да доведе до изумирање на клетките и до мозочен удар. Лузната што се формира во окото, се вика ретинална исхемична периваскуларна лезија. Таа многу ретко се појавува во очите на здравите луѓе. Истражувачите користеле 84 медицински досиеа на срцеви пациенти и 76 снимки на здрави луѓе, кои направиле ОCТ.