Со редовни очни прегледи, дијабетичарите може да имаат одличен вид?

ЧОВЕЧКИ ИСКУСТВА

Со редовни очни прегледи

дијабетичарите

може да имаат одличен вид?

Со детален очен преглед и ОЦТ анализи, сите што имаат дијабетес може да го зачуваат видот и да ги избегнат последиците од дијабетичната ретинопатија.

PLX Academy • Октомври 2021

Околу 8 милиони Американци, имаат дијабетична ретинопатија. Се очекува бројката да биде дуплирана,  во 2050 година, според соопштението на Американското здружение на специјалисти за рожница, а поповод месецот на свесноста за очните болести кои се последица на дијабетес : ноември.

Болеста се јавува како последица на дијабетесот. Доаѓа до оштетување на крвните садови на мрежницата, а често и до губење на видот или слепило.  Половина од луѓето со дијабетес добиваат дијабетична ретинопатија.

„Со новите технологии, кои овозможуваат рано откривање на болеста и со напредокот на третманите во лекувањето, влегуваме во нова ера,  во која никој што има дијабетес, немора да страда од катастрофалните последици на дијабетичната ретинопатија ,“ вели претседателот на ASRS, Dr. Philip Ferrone. 

„Со поголема свесност за состојбата,  вклучувајќи ги ризичните фактори и симптомите кои се појавуваат, сите кои имаат дијабетес, може да добијат прецизни информации како да го сочуваат видот“ , додава Dr. Philip Ferrone.

Сите кои имаат дијабетес – вклучувајќи ги тип 1, тип 2 и гестацискиот дијабетес – се соочуваат со ризик, од развивање на дијабетична ретинопатија.  Колку подолго трае болеста, толку ризикот е поголем. Други фактори на ризик се : нередовна контрола на шеќерот во крвта,  висок крвен притисок,  болест на бубрезите, висок холестерол и бременост.

Многу луѓе,  имаат дијабетична ретинопатија, долго пред да се појават првите симптоми. Кога ќе се појават симптомите, видот е сериозно оштетен.  Симптомите вклучуваат : заматен или искривен вид, тешкотии при читање,  точки или мушички во видното поле,  сенки во видното поле, очен притиок, тешкотии во распознавањето на боите. Веднаш по појавата на симптомите, треба да се направи детален очен преглед.

Третманите за дијабетична ретинопатија вклучуваат, интравителарни инекции, ласерски тремани и хируршки интервеции. Болеста,  може да се превенира, со редовни контроли на шеќерот во крвта, крвниот притисок и холестеролот, одржување на телесната тежина, редовно земање на пропишаната терапија, редовни очни прегледи,  откажување од пушењето и физички активности.

„Фокусирање на здрави животни навики и редовни детални офталмолошки прегледи, се исклучително важни за одржување на видот кај дијабетичарите. Не треба да се занемарат, сите важни информации кои ги имаме за оваа болест“, вели Ferrone.

Scroll to Top