Blog

Д-р Тодорче Јосев

[Original image unavailable]
[Original image unavailable]
[Original image unavailable]
[Original image unavailable]
[Original image unavailable]

За да можете да му помогнете на пациентот, најважен е приодот

[Original image unavailable]

Д-р Тодорче Јосев – Специјалист офталмолог и хирург во Систина Офталмологија

Област од посебен интерес: рефрактивна хирургија/ дијагностика на очни болести/ дијагностика и третман на лица со дијабет.

 

Голем професионален предизвик е да се биде дел од еден ваков тим. Во новиот дијагностички центар ќе имаме различни процедури и начини за детални и комплетни прегледи. Ќе работиме со целата популација, буквално, од најмладите до највозрасните и тоа сите видови на прегледи. Најсовремената апаратура и тим на доктори кои ќе вршиме прегледи очекувам да вроди плод во дијагностирањето и лекувањето на пациентите од овој регион.

Посветеноста и постојаната доедукација се најважни кога се соочувате со професионални предизвици.

Почнав со работа на ургентниот центар во болницата „8 ми септември“, потоа работев како доктор во брзата помош, следеше  специјализација на Клиничкиот центар  „Мајка Тереза“ и четири години работа во  Медицинскиот центар во Свети Николе. Искуството со пациентите и со институциите во сферата на јавното здравство има и позитивни и негативни аспекти.  Најважна е желбата да им се помогне на пациентите и приодот во таа насока.  Позитивните искуства на пациентите за мене беа и остануваат најважни, и тогаш, но и сега , кога продолжувам со кариерата во најуспешната очна болница во Македонија.

На основа на медицинско знаење и на прецизна апаратура за работа.  Технологијата и апаратурата со која располага болницата се најдобрата поддршка за секој дијагностичар.  Секако, важно е и стекнатите знаења да се надградуваат, да се следат новите светски трендови и искуства.

Најдобро е барем еднаш годишно да се направи детален преглед по можност со ширеење на зеници каде што детално може да се види и предниот и задниот сегмент на окото и детално да се утврди состојбата на окото како и точниот диоптер доколку го има. За разлика од редовните годишни прегледи лица кои имаат одредени системски заболувања (како на припер дијабетесот) многу е значајно да доаѓаат редовно односно на помал временски период на секои 4 до 6 месеци и да ја следат состојбата на своите очи. Со редовните прегледи се важни бидејќи со нив може да се превенира и на време да се откријат промените и соодветно да се реагира.

Секако, секогаш сите оние кои ќе осетат некакви симптоми различни од вообичаеното како на пример промени во видното поле, намалување на видот, искривена слика, сенка и сл., треба да се јавуват на преглед. 

Прегледот почнува со одредување на видната острина, мерење на очен притисок, ширење на зениците за да се види леќата и задниот сегмент, екографија, OЦТ , да се утврди дали има макуларен едем или не.  Многу е важно да се следи состојбата, затоа што може брзо може да еволуира.

 

Најважно за пациентот е да биде опуштен кога се дијагностицира болеста. Докторот не треба да се постави авторитативно, напротив, пријателски.  Важно е на разбирлив начин да му објасни на пациентот, за каква болест се работи и што може да очекува во процесот на лекување.  Внимателно треба да се сослуша пациентот,  да се разберат симптомите, емоциите и маката што ја има.  Ако се почувствува разочараност или депресивност, треба да се надминат тие емоции, со образложение дека лекувањето секако е состојба која води кон подобрувањето на состојбата.

Пациентите различно реагираат. Имаат различни емоции и очекувања.   Нормално е, секој  кој е подложен на болничко испитување,  да се плаши од конечниот исход.  Но кога ќе го разберат целиот процес,  пациентите стекнуваат доверба во докторот, стануваат посмирени и лесно влегуваат во процесот на лекување.

Читам книги, слушам музика, гледам филмови. Многу често одам на прошетки со ќеркичката.  Возиме точаци и ролери. Убави ни се заедничките моменти, разговараме и се шегуваме.

Делата на Стивен Кинг.  Кога специјализирав, си поставив цел, да ги прочитам, сите.

Рок.  Rolling Stone, Deep Purple, Led Zeppelin …

Форест Гамп и Зелената миља  – базирана на новела на Стивен Кинг.

[Original image unavailable]